19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGionee Elife S8 - слика 100 мегапикселни фотографии (видео)

Gionee Elife S8 – слика 100 мегапикселни фотографии (видео)

elife osum

Еден од многубројните кинески производители на смартфони – компанијата „Gionee“ наскоро би требала да претстави нов уред кој се нарекува „Elife S8“. И како по обичај, со наближувањето на датумот на „лансирање“ се почесто се појавуваат и се подетални спецификации.

Овој пат се појави видео запис кој открива многу детални спецификации. За почеток можеме да кажеме дека „Elige S8“ ќе го одликува 6-инчен екран со висока резолуција – 2.560 x 1.440 пиксели, а ќе работи на осумјадрениот „MediaTek“ процесор „MT6795 SoC“ со такт од 1,9 GHz. Ќе има „PowerVR G6200“ графика и 3 GB RAM.

Купувачот на располагање ќе има 32 GB почетен простор за чување на податоци во вид на интерна меморија која по потреба ќе може и дополнително да се прошири со „microSD“ мемориска картичка.

Од софтверска страна, „Elife S8“ ќе го има „Amigo 3.0“ оперативниот систем кој се темели на „Lollipop“ верзијата на „Android“.

Најинтересен дел од овој уред е неговата позадинска камера за која производителот тврди дека може да снима видео записи со „4K“ квалитет, како и да фотографира слики со резолуција до 100 мегапиксели. Но, како обично кога вака големи бројки се во игра, тогаш сепак реалноста е поразлична. Всушност смартфонот е опремен со позадинска камера со многу помала резолуција, 23 мегапиксели, а до фамозните 100 мегапиксели се доаѓа со фотографирање на повеќе слики, па со нивно спојување.

Со цел сликите да бидат со подобар квалитет, „Gionee“ има вградено дво-тонски „LED“ блиц, како и „lossless zoom“. Предната камера има резолуција од 8 мегапиксели. Зa крај можеме да кажеме дека „Elife S8“ е опремен со читач за отисок на прстите кој исто така е сместен на задната страна на уредот (под камерата) и батерија со капацитет од 3.250 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП