8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРаспродаден моделот Lamborghini Aventador SV

Распродаден моделот Lamborghini Aventador SV

sv lambo

„Lamborghini Aventador SV“ е суперавтомобил кој беше распродаден за неројатно кратко време. Моделот се појави за првпат пред публика во почетокот на март, а денес од италијанската марка најавија дека сите планирани примероци веќе имаат сопственици.

Од „Lamborghini“ објавија дека ќе произведат вкупно 600 примероци од овој модел, а 200 од нив се наменети за Северна Америка, 200 за Европа, Блискиот Исток и Африка, а останатите 200 за Азија.

Автомобилот, кој има цена од нешто под 330.000 евра во Европа, претставува максимална верзија на премиум моделот на брендот. Адитивот „SV“ (Super Veloce) значи „супербрз“ на италијански, а такво означување добиваат само врвните модели на „Lamborghini“, опремени со мотор V12. Пред „Aventador“ тоа беа „Murcielago SV“ и „Diablo SV“.

Веќе распродадениот „Aventador LP 750-4 SV“ има зголемена моќ за 50 КС до 750 КС, додека вртежниот момент остана непроменет. Вкупната тежина е намалена до 1525 килограми, што претставува олеснување за 50 килограми.

Подобрувањата го сведуваат времето за спринт од место до 100 км/час до 2,8 секунди, што е за 0,1 секунди побрзо од постигнувањето на стандардниот „Aventador“. Максимална брзина на движење преминува 350 км/ч.

Најважната, сепак е промената во аеродинамичната ефикасност на автомобилот. Таа е оптимизирана за цели 150%, па генерира дополнителни 170% помалку сила. Ова е постигнато благодарение на сеопфатениот бодикит изработен од карбон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП