2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSanDisk во најмалиот USB вметна 128 GB (видео)

SanDisk во најмалиот USB вметна 128 GB (видео)

stik 128 gb1111

„SanDisk Ultra Fit“ изгледа исто како некој да ставил капак на конектор, но во него се наоѓа меморија од 128 GB! „USB 3.0“ стикот се продава за 120 долари.

Компанијата „SanDisk“ во пресрет на новиот „Computex“ во Тајван претстави нов минијатурен „USB“ стик кој изгледа како конектор со пластичен капак, но во него може да се стават податоци од дури 128 GB.

„Ultra Fit USB 3.0“ е толку мал што можете многу лесно да го изгубите, доколку не го носите на привезок или трајно да го поврзете со лаптоп или компјутер. Благодарејќи на големиот капацитет во него можете да ставите до 16 часа „Full HD“ видеа со брзина на пренос на податоците од 130 MB/s. Цената на овој уред е 120 долари.

Покрај овој стик, компанијата ќе го претсави и својот најголем „USB 3.0“ стик со капацитет од 256 GB, чија цена изнесува 200 долари, како и новата линија на преносни „SSD“ дискови со „USB-C“ конектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП