19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Serieѕ 7 зa 2016-та ќе биде претставенa на 10-ти јуни (видео)

BMW Serieѕ 7 зa 2016-та ќе биде претставенa на 10-ти јуни (видео)

sedmica 303

Toј ден баварскиот производител ќе ги објави техничките детали и официјалните фотографии на новата генерација на својата топ лимузина, додека светската премиера се очекува да се случи во септември, на авто-саемот во Франкфурт.

Иако „BMW“ се обиде од јавноста да го сокрие новиот изглед на новата „Serieѕ 7“, на крајот на 2014-та на интернет се појавија „шпиунски“ фотографии од овој модел, кои ни открија детали од дизајнот на возилото.

Производителот во меѓувреме соопшти дека новата генерација е до 130 kg полесна од актуелниот модел, благодарејќи на употребата на пластични материјали зајакнати со јаглеродни влакна.

За погон се користи најновата генерација на „TwinPower Turbo“ моторот, додека автомобилот ќе се потпира на самоподесувачкиот систем за воздушна суспензија.

Меѓу новитетите се изборните ласерски фарови, технологија која овозможува паркирање со помош на далечински управувач, како и „iDrive Touch Display“ мултимедијалниот систем кој може да управува со помош на гестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП