5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците повторно ги насамарија Европејците

Американците повторно ги насамарија Европејците

amerika rusija

Додека европските компании поради санкциите кон Русија трпат големи загуби, нивните американски конкуренти сега склучуваат, како и претходно, добри бизнис договори со Русија.

Минатата година, според руската статистика, забележано е дури и зголемување на руско-американската размена на стоки од шест отсто, пишува германски „Шпигел“.

Трговијата на Русија со земјите од Европската унија е намалена за скоро десет проценти, наведува овој неделник и додава дека американската економија се спротивставува на овие сакнции и дека со месеци претставници на големи американски компании интервенирале во Белата куќа – прво дискретно, а потоа и отворено.

Во американската Економска комора велат дека руската постапка во Украина, во никој случај не е прифатлива, но и дека унилатерните санкции кон Русија ги одбиваат, го пренесува „Шпигел“, ставот на американската комора.

„За некои компании станува збор за суштински бизниси“, вели Џон Енглер, претседател на бизнис тркалезната маса на една конзервативна лобистичка група на најмоќните шефови на компании.

Како што пишува „Шпигел“, руските санкции ги погодија светски познатите концерни, како што се „Ексон мобајл“, „АТ&Т“, „Џенерал електрик“ и „Боинг“.

„Ние несакаме поради санкциите да ги казнуваме луѓето кои купуваат американски производи“, вели еден топ-менаџер за британскиот неделник „Економист“, а го пренесува „Шпигел“, кој пишува дека и покрај се, многу американски компании и натаму ја негуваат врската со Русија.

Шефот на Асоцијацијата на европскиот бизнис во Москва, Франк Шауф за „Шпигел“ вели дека Американците прво извршија голем притисок на Европа да се воведат остри санкции, па минатата година тие самите ја зголемија трговијата со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП