30 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАмериканци прават хиперавтомобил со 1700 КС

Американци прават хиперавтомобил со 1700 КС

sp 200 sin

Компанијата „PSC Motors“ го завршува развојот на својот хиперавтомобил „SP-200 SIN“ која ќе добие агрегат со хибриден погон. Моќноста на моделот се очекува да биде околу 1700 КС.

Шефот на „PSC Motors“, Антонио Карва, откри дека неговата компанија планира да лансира вкупно 35 примероци од ова возило. Како главни конкуренти на „SP-200 SIN“ беа наведени врвните модели на „Ferrari“, „McLaren“, „Porsche“ и „Koenigsegg“.

Хиперавтомобилот ќе биде управуван од агрегат, во кој влегуваат 9,0-литарски V8 бензински мотор и електромотор. Погонот е на задната оска, а трансмисија – автоматска со две спојки. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе се реализира за 2,8 секунди, а максималната брзина се очекува да достигне 450 км/ч. Само на електрична енергија моделот ќе поминува околу 45 километри.

Иако има монструозна моќност, моделот ќе биде релативно компактен – 4,4 метри должина, 1,1 метри висина и точно 2 метри широчина. Каросеријата и шасијата на возилото ќе бидат направени од алуминиум и карбон, што ќе овозможи тежината на „SP-200 SIN“ да не надминува 1400 килограми.

За развојот на овој автомобил на компанијата и биле потребни 5 години. Деби на прототипот пред публика е планиран за почетокот на јуни, а првите примероци ќе бидат доставени на клиентите 12 месеци подоцна. Цената на „SP-200 SIN“ уште не утврдена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП