19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle и Qualcomm подготвуваат Project Tango смартфон

Google и Qualcomm подготвуваат Project Tango смартфон

tango mango

„Project Tango“ претставува иницијатива на компанијата „Google“ да изработи смартфони и таблети со камери и сензори кои можат да се користат за следење на позиционирањето во 3D простор, како и за „мапирање“ на средината.

Првичниот комплет сочинуваше 7-инчен таблет, кој користеше „Nvidia Tegra K1 SoC“, а беше и еднинствениот „Project Tango“ уред, кој беше достапен по цена од 1024 долари (потоа цената беше намалена на 512 долари). Ова наскоро ќе се промени затоа што „Qualcomm“ и „Google“ најавија дека моментално работат на развој и на „Project Tango“ смартфон.

tango mango1

Засега нема премногу детали за смартфонот „Project Tango“, но фотографијата укажува на тоа дека уредот ќе ги има потребните камери со кои ќе се бележат информациите за средината во која се наоѓа паметниот телефон. Секако, уредот ќе го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 810 SoC“.

Како што споменуваат од „Qualcomm“, оваа нова „Project Tango“ развојна платформа на програмерите ќе им биде достапна во текот на третиот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП