29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo претстави нов смартфон со сафирен грб (видео)

Oppo претстави нов смартфон со сафирен грб (видео)

rx1 oppo

Кинеските производители продолжуваат со трендот да претставуваат иновативни смартфони во обид да го подобрат имиџот и да се разликува од своите конкуренти.

Последниот иновативен предлог доаѓа од кинеската компанија „Oppo“ која го држи рекордот за најтенок паметен телефон во светот и кој го поседува единствениот модел со ротирачка 360-степени 13-мегапикселна камера.

rx1 oppo1

Најновата иновација од компанијата е во правец на дизајнот на куќиштето на нејзиниот нов модел „Oppo R1x“. Тој е со кристален сафирен грб со дијамантски отблесоци, видливи при промена на аголот на смартфонот.

Моделот е исклучително тенок – само 6.9 мм, а има 5-инчен дисплеј со минимални граници и со резолуција од 1280 x 720 пиксели. Смартфонот има 16 гигабајти внатрешна меморија која може да се прошири со картичка, како и 2 GB RAM меморија.

rx1 oppo2

Процесорот е осумјадрен „Snapdragon 615“, а оперативниот систем е постарата верзија „Android 4.4 KitKat“. Смартфонот ја овозможува и позната контрола со гестови, а се активира со двојно пртискање на екранот, а притискање со три прста ја активира камерата. Задната камера е 13-мегапикселна, а предната – 5 мегапикселна. Звучниците се поставени напред, а не позади, како на повеќето паметни телефони, што овозможува повисок квалитет на звукот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП