4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто треба да направите ако Вашиот телефон падне во вода? (видео)

Што треба да направите ако Вашиот телефон падне во вода? (видео)

voda telefon3

Во текот на летото се зголемуваат шансите вашиот телефон да падне во кригла со пиво, базен или море/езеро. Доколку тоа се случи, немојте да очајувате. Се уште има шанса за спас.

Ви претставуваме неколку решенија за вашиот телефон доколку падне во вода.

Извадете го телефонот веднаш од вода.

Колку подолго уредот се „капе“, тогаш има поголема можност да нема повеќе спас. Поради тоа и пцовките и проколнувањата оставете ги за подоцна и веднаш извадете го вашиот телефон од вода.

Исклучете го.

Веднаш откако ќе го извадите телефонот, исклучете го најбрзо што можете. На тој начин ќе спречите краток спој, кој би можел засекогаш да го уништи.

Исушете го.

Доколку батеријата на вашиот телефон може да се извади, сторете го тоа, а исто така извадете ја и картичката. Всушност, расклопете го на што е можно повеќе делови.

Немојте да го „фенирате“.

Не се обидувајте да го сушите телефонот со фен, затоа што од топлината може да се уништат внатрешните компоненти. Во никој случај телефонот не го ставајте во замрзнувач, како што предлагаат корисниците на некои форуми.

Ориз и силициум диоксид.

Тоа што вашиот телефон однадвор е сув, незначи дека внатре е се во ред. Со цел да ја извадите секоја преостаната капка од неговото куќиште, наполнете чинија со ориз и вметнете го телефонот во неа. Оризот ја извлекува влагата заробена во телефонот, а како алтернатива може да се обидете со кесичка силициум диоксид, какви вообичаено добивате со купување на чевли.

Во двата случаи, телефонот би требало да стои во чинијата околу три дена.

Исперете го (ако е потребно).

Доколку вашиот телефон ви паднал во кал, веројатно ќе морате да го исперете. Исто така, ако ништо од погоре споменатото не ви успее, можеби ќе морате да ја употребите оваа метода.

Имено, постои можност внатре во уредот да се задржила некоја нечистотија или сол, доколку телефонот ви паднал во море. Затоа расклопете го колку што можете, земете четка за заби и натопете ја во алкохол и внимателно поминете го целиот уред.

Исто така, можете да пробате да го вметнете телефонот во сад со алкохол, но многу само неколку секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП