19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Најнови вести од светот 15.03.2013

 

Атина – Грците поради сиромаштија почнаа да штедат на леб, покажуваат резултатите од истражувањето на грчката федерација на производителите на леб, според кое производството на 90 отсто од фурните во земјата е намалено за 36 проценти. Двајца од десет потрошувачи, кои учествувале во анкетата, изјавиле дека повеќе не купуваат леб. Секој втор испитаник одговорил дека повеќе сака да купува леб од фурна поради неговиот подобар квалитет.

Приштина – Во текот на овој месец ќе биде објавен тендер за изградба на термоцентралата „Ново Косово“, додека до крајот на годинава ќе биде избрана победничката компанија, соопштија владини претставници. Леонита Шабани, политички советник во косовското Министерство за економски развој, изјавила дека доколку се оди според агендата на Владата, во 2014 година ќе почне изградбата на проектот ТЕ„ Ново Косово“.

Атина – Невработеноста во Грција достигна рекордно ниво од 26 проценти во последното тримесечје на 2012 година, додека мерките за штедење во комбинација со длабоката рецесија се одразуваат и на работната сила на земјата. Во третото тримесечје од минатата година невработеноста изнесувала 24,8 отсто, а во последните три месеци на 2011 година 20,7 проценти.

Амстердам – Спасувачката програма за излез на Кипар од финансиската криза може да изнесува околу десет милијарди евра, а не, како што досега се тврдеше, дека ќе изнесува 17 милијарди евра, изјави претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум. Тој наведе дека се погрешни досегашните тврдења дека Кипар ќе доби 17 милијарди евра. Но, не наведе детали за програмата, која утре ќе биде разгледувана.

Атина – Редицата компании, што пројавија интерес за приватизација на меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“, но и за другите аеродроми во Грција, станува се поголема, а на неа освен Катарци, Кинези, Французи се доадоа и Турците, соопшти грчкиот сајт репортер.гр. „Туркиш ерлајнс“ пред извесно време соопшти дека има интерес не само за грчките аеродроми, понудени за приватизација, туку и дека има немара нејзини авиони да летаат до островот Крит, да ги зголемат летовите до Атина и да ја прошират соработката со грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.

Берлин – Германската Влада го усвои нацрт-буџетот за следната година, со кој е предвидено обемот на дополнителното задолжување значително да се намали и целосно да биде запрено во 2015 година. Министерот за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ова е силен сигнал за остатокот од Европа, која се зафатена од должничка криза.

Токио – Претставници на раководството на компанијата „Боинг“ во Токио изјавија дека комерцијалните летови на авионите „Боинг 787“ ќе се обноват „во следните недели, а не месеци“ откако една третина од тестовите за безбедност веќе се извршени, пренесоа американските медиуми. Шефовите на „Боинг“ посочија дека не се утврдени причините за двата случаи на проблеми со акумулаторот, што доведоа до стопирање на летовите на авионите „Боинг 787“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП