5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар славеше над Металург и ја обезбеди титулата

Вардар славеше над Металург и ја обезбеди титулата

Image (5)

Ракометарите на Вардар, во претпоследното коло од домашното првенство, славеа над Металург во Автокоманда со 28:26.

Металург на новиот шампион му пружи жесток отпор, но не успеа да го надомести она што го пропушти на натпреварот во Струмица против Зомимак. На крајот искуството и квалитетот на вардаровите играчи беа пресудни за конечниот победник.

Металург имаше подобро отворање на натпреварот, стигна до предност од 7:3 и 9:5, но потоа следуваше 10-минутен период во кој ‘сините’ не постигнаа гол, што Вардар го искористи за да стигне до водство, но на полувремето сепак Металург имаше минимална предност од 13:12.

Во вториот дел Металург во 46.минута имаше предност од 22:20, во последните пет минути се влезе со резултат 25:25, а до крајот Вардар со серија 3:1 ја обезбеди победата.

Ојлески со десет гола беше најефикасниот играч на Металург и воопшто на натпреварот, додека кај Вардар Марковиќ постигна пет, а Шишкарев четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП