26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските бизнисмени се за враќање на Русија во Г7

Германските бизнисмени се за враќање на Русија во Г7

sx

Русија треба да се врати во групата најразвиени земји во светот Г7 и да учествува на самитот кој ќе се одржи следниот викенд, оценија во неделата во изјави за медиумите две групи германски деловни луѓе. 

Челниците на земјите од групата Г7 минатиот самит го одржаа без рускиот претседател Владимир Путин, протестирајќи против присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија по тамошниот референдум, што за Западот е руска анексија на украинска територија. Бидејќи Западот и натаму ја обвинува Москва дека „не придонесува“ за смирување на ситуацијата во рускојазичниот исток на Украина, исклучувањето на Русија продолжува и годинава.

Екард Кордес, претседател на Германскиот комитет за источни економски односи, кој ги застапува интересите на околу 200 германски компании кои вложуваат во Русија, смета дека забраната за учество на Русија на самитот е пропуштена можност.

„Самитот на Г7 со Русија би придонел за решавање на кризата и би ја поттикнал Русија на конструктивни чекори во украинскиот судир. Секогаш е подобро да се разговара директно, отколку да се разговара за некого“, изјавил Кордес за весникот Welt am Sonntag.

Матијас Платцек, пак, претседател на Германско-рускиот економски форум и член на социјалдемократската партија (SPD) смета дека е време Русија да се врати во Г7. „Процесот на распаѓање на Блискиот исток, во Иран, Авганистан и Сирија, не може да се реши без Русија“, вели Платцек. Оценува дека против меѓународниот тероризам е можно да се води борбата и со информациите коишто ги поседуваат руските разузнавачки служби.

Германската канцеларка Ангела Меркел на 7-ми и 8-ми јуни ќе биде домаќин во дворец во Баварија, на другите челници на земјите од Г7, од САД, Велика Британија, Канада, Италија и Јапонија. Во април, германскиот министер за финансии Франк-Валтер Штајнмаер ги отфрли сугестиите да ја повика Русија на самитот на Г7, објаснувајќи дека не е можно да се „работи како и обично по руското противправно присоединување на Крим“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП