27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Maps, Chrome и YouTube ќе работат на Android и без интернет...

Google Maps, Chrome и YouTube ќе работат на Android и без интернет (видео)

google-map0000

Aпликациите „Google Maps“, „Chrome“ и „YouTube“ наскоро ќе работат на „Android“ телефоните без интернет конекција.

Од „Google“ најавија и серија апликации за публиката која се нарекува „the next billion“ – луѓе од развиените региони кои телефоните ги користат како приватни компјутери. Сето тоа ќе биде достапно во оваа година.

Работата на апликациите без интернет беше прикажана на „I/O“ конференција. Откако ги зададе упатствата во „Maps“, презентерот мобилниот го стави во т.н. „airplane mode“, што инаку значи „смрт“ за апликациите, меѓутоа графичките мапи продолжија со работа.

Слично е и со „Chromе“ и „YouTube“ на кои се направени алатки со кои се чуваат видео снимки и страници се со цел да можете да ги гледате кога не сте конектирани.

Ова секако ќе им помогне на корисниците, а особено на туристите кои мораат да се снаоѓаат во странство, затоа што „WiFi“ конекцијата не е секаде достапна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП