20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: Opel Сarl – новиот градски автомобил

Галерија: Opel Сarl – новиот градски автомобил

co00

Пред стартот на продажбата на моделот „Сarl“, „Opel“ објави нови фотографии од овој урбан автомобил, за еден број помал од „Corsа“.

„Opel Сarl“, кој го доби името по еден од синовите на освновачот на германската компанија, во продажните салони ќе пристигне во јуни.

co01

Автомобилот кој треба да го замени моделот „Agila“, ќе се изработува во Јужна Кореа, заедно со „сестринските“ модели – „Vauxhall Viva“ и новата генерација „Chevrolet Spark“.

Opel Сarl“ ќе биде достапен исклучиво во конфигурација со 5 врати.

co02

Возилото е долго 3.680 mm, има меѓуосовинско растојание од 2.385 mm и може да превезе 4-5 возрасни патници.

Според стандардниот „ESP“, „ABS“ со електронска дистрибуција на сопирачка моќ и асистенција при движење на нагорнина (Hill Start Assist), на располагање се и бројни изборни системи, како напуштање на возната лента (Lane Departure Warning).

co03

На возачот му е достапен и градски режим на возење (City mode), со активирање на копчето се засилува серво-асистенцијата на воланот.

Покрај тоа, во понудата ќе биде и систем за асистенција при паркирање (Park Assist) и темпомат за лимитирање на брзината кој обезбедува возење во рамките на дозволената брзина.

co04

Листата на достапни опции на моделот „Сarl“ опфаќа и греење на предните седишта, управувач со кожа, прозорец на покривот…

Под хаубата се наоѓа нов трицилиндарски бензинец, 1.0 ECOTEC со 55 kW/75 ks, кој е развиен специјално за овој модел. Моќта се пренесува на тркалата преку петстепен мануелен менувач.

Со помош на изборниот „ecoFlex“ пакет, „Opel Сarl“ според фабричките податоци во комбиниран режим просечно троши 4,3 l/100 km и емитува 99 грама јаглен-диоксид по километар.

co05

Купувачите ќе можат да одберат една од вкупно десет бои на каросеријата – некои од нив можете да ги видите на фотографиите, како и повеќе дизајнерски решенија за алуминумските бандажи од 14 до 16 инчи.

Цената во Германија стартува од 9.500 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП