26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовитетите кои ќе ги има Android M (видео)

Новитетите кои ќе ги има Android M (видео)

android-m-6-0-concept5555

„Google“ претстави нови функционалности кои ќе ги поседува најновиот оперативен систем на компанијата – „Android M“.

Тој ќе им овозможува на корисниците во поголема мера да го контролираат пристапот на програмерите на мобилни апликации до личните податоци, како и ќе придонесе за значително подобрување во издржливоста на батериите.

Android M“ е со повисоко ниво на заштита од автоматски „upload“ на несакани апликации. Најголемата промена е поврзана со тоа дека мобилните апликации ќе бараат дозвола за пристап при користењето на одредени функции на смартфонот наместо стандардно да можат да го прават тоа, кога се согласувате со општите услови при инсталирањето на апликацијата. Пример, ако играте игра и се наметнува пристап на апликацијата да микрофонот, корисникот ќе биде запрашан за дозвола, а не како што досега се случуваше, пристапот да е гарантиран стандардно.

Сериозни напори се насочени кон подобрување на услугата „Android Pay“. Таа ќе се применува во над 700.000 продавници и ќе нуди безконтактно плаќање, во САД во текот на есента.

Друга суштинска иновација е заложена за поддршка во оперативниот систем за скенирање на отпечатоци. Ова ќе овозможи полесно воведување на системи за безбедност, поврзани со отпечатоци од сите производители.

Воведена е нова можност за подобрување на животот на батеријата, наречена „Doze“. Таа ќе проверува кои апликации не се користат од страна на корисникот и автоматски ќе ги затвора. Ова се очекува да го удвои режимиот на „подготвеност“ на батеријата.

Се очекува финалната верзија на „Android M“ да биде достапна за потрошувачите во третиот квартал на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП