19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's: Излегувањето на Грција од еврозоната не би значело нова должничка криза,...

Moody’s: Излегувањето на Грција од еврозоната не би значело нова должничка криза, но има ризици

moodys124kjuhy

Излегувањето на Грција од еврозоната не би значело враќање во должничка криза од 2012 година, но би создало ризици да бидат зафатени и други држави и би се променила природата на монетарната политика која би требало да биде трајна, сметаат аналитиарите на Moody’s.

„Не сметаме дека излегувањето на Грција би било без последици“, рече Катрин Милбронер, потпретседателка на оделот за оценка на државни ризици во кредитната агенција Moody’s.

„Излегувањето на Грција би го изменило изгледот и природата на монетарната унија, која требаше да биде трајна“, рече Милбронер, додавајќи дека Португалија би била изложена на ризици во случај на излегување на Грција од еврозоната.

Голем број аналитичари се загрижени дека Грција ќе биде приморана да ја напушти еврозоната, доколку не постигне договор со кредиторите и не добие нова меѓунaрoдна помош, потсетува Reuters.

Последиците на излегувањето на Грција, според аналитичарката на Moody’s, би биле ограничени благодарение на програмата на квантитативно ублажување, односно откупот на државни обврзници, што ја спроведува Европската централна банка, но би можело да биде погодено работењето на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП