22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскап паркингот во Охрид во летната сезона

Поскап паркингот во Охрид во летната сезона

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Охриѓани и туристите кои престојуваат во Охрид од понеделник, 1-ви јуни ќе плаќаат повисока цена за паркирање во првата и втората зона на централното градско подрачје.

Ова се должи на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид, јави „Ohridnews“.

Согласно одлуката, во текот на месеците јуни, јули и август цените за паркирање ќе бидат повисоки за десет денари. Тоа значи дека за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.

Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите, неодамна појаснија дека поскапувањето е неопходна мерка со која од една страна ќе се растовари сообраќајот во центарот на градот, а од друга страна ќе се подобри финансиската состојба во која се наоѓа претпријатието.

Исто така согласно со истата одлука од 1-ви јуни ќе има нови цени и за користење на спортските објекти со кои стопанисува препријатието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП