1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриското злато се враќа дома

Австриското злато се враќа дома

2121300985555de25ab3998585469465_w640

Централната банка на Австрија соопшти дека до 2020 година ќе врати во својата земја половина од своите резерви на злато кои се наоѓаат во Велика Бритaнија и Швајцарија.

Централната банка на Австрија „OeNB“ поседува околу 280 тони злато во вредност од околу 8,6 милијарди евра.

Околу 80 проценти од вкупните резерви на злато во моментов се наоѓаат во Банката на Англија, 17 проценти во Австија, а остатокот во Швајцарија, пренесува АФП.

Австриската централна банка 50 проценти од резервите на злато ќе ги ви врати во својата земја.

Во Швајцарија ќе бидат чувани 20 проценти од резервите на злато, а во Велика Британија 30 проценти.

Во соопштението на Банката се наведува дека оваа одлука е донесена врз основа на препораките на Австрискиот сметководствен суд кој во февруари го насочи вниманието на зголемениот ризик поврзан за концентрацијата на значителен дел од резервите во трети земји.

„OeNB“ објасни дека чувањето на златни резерви во Велика Британија се оправдува со фактот дека со овој жолт метал се тргува во Лондон.

Австрија чии залихи на злато во 2003 година достигнаа 320 тони престана со продажба на своите резерви од 2007 година.

Виена со почеток од летото постепено ќе враќа 92,4 тони резерви злато во земјата, а околу 47,6 тони ќе бидат пренесени од Велика Британија во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП