3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИма и такви кои не се задоволни од Ферари

Има и такви кои не се задоволни од Ферари

fervolan

Се верува дека Ферари автомобилите многумина ги прават среќни. Нормално има и такви кои не се задоволни и тоа се вообичаено луѓе кои не поседуваат скапоцен Ферари автомобил.

Меѓутоа, најновото истражување покажа дека постојат и сопственици на Ферари кои не се задоволни од овие егзотични возила.

Британската осигурителна компанија АХА направи истражување, во кое 57 проценти од луѓето кои поседуваат Ферари навистина се задоволни од своето скапоцено спортско возило.

Не е познато што довело до вака нискиот процент на задоволство кај сопствениците на Ферари, но истото истражување утврди дека тие што имаат БМВ, Астон Мартин, Лексус, Сеат и Пежо се многу посреќни со своите возила и преку 75 проценти го покажуваат своето задоволство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП