18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер бил во друг хотел

Блатер бил во друг хотел

sep blater2

Портпаролот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Валтер де Грегорио, рекол дека првиот човек на организацијата, Сеп Блатер, воопшто не е вмешан во случајот во кој беа уапесени неколку функционери на ФИФА.

Швајцарската полиција, утрово во Цирих, по барање на американските власти уапсила шестмина високи функционери на ФИФА.

Де Грегорио истакнал дека додека се одвивала полициската акција, претседателот на ФИФА бил во друг хотел во Цирих.

Уапсените високи функционери на ФИФА се обвинети за примање на поткул во вредност од повеќе од 100 милиони долари, во изминатите 20 години.

Кандидатот на изборите за претседател на ФИФА, јорданскиот принц Али бин ал Хусеин рекол дека апсењата на функционерите се „тажен ден за фудбалот“.

Меѓу уапсените се претседателот на Фудбалската федерација на Костарика, Едуардо Ли, потоа Џефри Веб кој е актуелен потпретседател на ФИФА, Еугенио Фигурендo, поранешен потпретседател на ФИФА и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Уругвај и потпретседател на КОНМЕБОЛ, Џек Вернер поранешен потпретседател на ФИФА, функционер во Фудбалската федерација на Тринидад и Тобаго и претседател на КОНКАКАФ, како и Хулио Роча, Костас Такас, Рафел Ескуивел, Хосе Мариа Марин и Николас Леос.

Американскиот ФБИ неколку години ги истражувал незаконските активности на неколкумина финкционери на ФИФА. Њујоршкиот обвинител Мајк Гарсија, кој беше главен истражител на процесите при изборот на Русија и Катар за домаќини на СП во 2018-та и 2022-ра година, објави извештај на 430 страници пред Етичкиот комитет на ФИФА.

Сепак, германскиот судија Ханс-Јоаким Екерт од неразбирливи причини и на изненадување на многумина решил да ја стопира понатамошната истрага. Екерт образложил дека извештајот на Гарсија не докажал дека имало злоупотреби и дека ништо не влијаело врз интегритетот на гласањето на Извршниот одбор на ФИФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП