5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bahn во потрага по инвестиции во Кина

Deutsche Bahn во потрага по инвестиции во Кина

zug china

Германскиот железнички концерн „Deutsche Bahn“ ја разгледува можноста за купување на кинески производител на возови, објави „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

„За 3-5 години Азија, и претежно Кина, може да игра важна улога во обезбедувањето на резервни делови и возови за „Deutsche Bahn““, рече членот на Управниот одбор на групацијата Хајке Ханагарт во интервју за германското издание.

Според информациите, оваа есен „Deutsche Bahn“ ќе отвори своја канцеларија во Пекинг.

„Целта е соработката со кинеските производители на возови „CSR“ и „CNR““, истакна Ханагарт.

Според неа, германскиот производител има намера да купи на некоја од компаниите со кои досега се снабдувале со возови за „DB“.

„Кинеската влада има силни интереси за зголемување на извозот на својата железничка индустрија“, додаде таа.

На крајот на минатата година, кинеските државни корпорации „CSR Corp“ и „China CNR“ – најголемите производители на вагони во светот, објавија спојување со цел поефикасна конкурентност во однос на нивните конкуренти од Канада, ЕУ и Јапонија. Годишниот обрт на секоја од државните корпорации е околу 16 милијарди долари.

На крајот на минатата година, „Deutsche Bahn“ беше зафатена со штрајк кој траеше 43 часа и заврши со откажување на две третини од меѓуградски возови во Германија, а тој  ја чинеше економијата 100 милиони евра на ден.

„Deutsche Bahn Group“ обезбедува услуги за превоз на товар и патници, како и логистички услуги во повеќе од 130 земји. Во компанијата работат повеќе од 300 илјади луѓе, од кои околу 196 илјади во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП