10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвтините модели на Huawei ќе добијат читач за отисок на прстите

Евтините модели на Huawei ќе добијат читач за отисок на прстите

otisok hua

Кинескиот производител на смартфони – компанијата „Huawei“ донесе одлука која би можела да влијае на останатите производители, како што првиот „iPhone“ влијаеше на поимот паметен телефон.

Имено, според пишувањето на интернет страницата „GizmoChina“, „Huawei“ ќе донесе читачи за отисоци на прстите и на буџетските модели на своите смартфони.

Дека е тоа така сведочи и фотографијата од неименуван телефон на кој јасно се гледа дека уредот е опремен со читач за отисок на прстите. Покрај тоа на фотографијата не е прикажан уште еден премиум модел, туку еден евтин, т.н. буџетски модел кој по пристигнувањето во продавниците не би требало да чини повеќе од 160 долари.

Дополнителна потврда наводно пристигнала и од страна на потпретседателот на компанијата „Huawei“. Имено, Ву Жу наведува дека читачот на отисоци на прстите ќе стане стандардна опрема на повеќето нивни уреди. Исто така компанијата „Huawei“ потврди дека сите идни модели ќе бидат опремени за поддршка на сите видови мрежи.

Детални информации за идниот телефон на „Huawei“ засега нема, но и овие две не се лоши за почеток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП