8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Хрватска е следната Грција?

Дали Хрватска е следната Грција?

hrvatska turisti1

Економската ситуација во Хрватска драматично е влошена и земјата, исто како Грција, се соочува со банкрот, пишува германскиот таблоид весник со најголем тираж „Bild am Sonntag“, повикувајќи се на неодамнешниот извештај на Европската комисија.

Во статијата насловена „Хрватска може да стане втора Грција“, германскиот весник наведува дека двете страни се омилени туристички дестинации за Германците, но и Грција, и Хрватска, се на работ на банкрот поради лошото управување и неуспехот во спроведувањето на реформите .

Весникот ја цитира доверливата анализа на Европската комисија пред неколку дена, во кој се вели дека економската ситуација во Хрватска е влошена драматично и владата не сторила ништо во однос на пет од вкупно осум клучни точки за намалување на дефицитот и за изградба на сигурен правен систем.

Поконкретно Брисел го критикува неефикасниот надзор на државниот буџет, големиот број луѓе кои се пензионираат порано, недостатокот на мерки за надминување на економската криза, како и бавноста на судовите во однос на наметнувањето на процедури за банкрот. Според ЕК трговските судови не играат речиси никаква улога во државата. Затоа комисијата како целина е песимистички настроена за развојот на земјата, која стана членка на ЕУ во 2013-та година. Покрај тоа Загреб има обврски во рок до октомври 2014-та година да претстави детален економски план, но и до денес од него нема и трага, пишува „Bild am Sonntag“.

„По повторениот апел на ЕК за Хрватска сега конечно треба да покаже дека се зафаќа сериозно со правните принципи и основите на правната држава“, „Bild am Sonntag“ го цитира Петер Рамзауер, претседател на Економската комисија во Бундестагот.

„Тоа го очекува Европа и сите кои сакаат да инвестираат таму“, појаснува тој.

Хрватска ќе биде една од темите на самитот на Европската унија во Брисел на 25-ти и 26-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП