17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатените спортисти во светот според ESPN

Најплатените спортисти во светот според ESPN

boks 3

Флојд Мејведер и Мани Пакјао се најплатените спортисти во светот, пресмета „ESPN“.

Тие се сретнаа на 2-ри мај во дуелот кој беше нарекуван „битка на векот“, а очекувањата се дека вкупните приходи од овој меч ќе надминат 500 милиони долари.

Според последните податоци Мејведер заработил 250 милиони долари, а Пакјао – 150 милиони долари.

Без да се земат во предвид приходите од рекламните договори, на третата и четвртата позиција се за Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Приходите на напаѓачите на Барселона и Реал Мадрид изнесуваат 56.3 милиони долари и 50.2 милиони долари.

Договорот на Себастијан Фетел со „Ferrari“, според кој тој добива по 50 милиони долари по сезона му ја обезбедија петтата позиција во ова рангирање. Други двајца пилоти – едниот на „McLaren“ Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон од „Mercedes“ добиваат по 40 и 31 милиони долари годишно, додека ѕвездата на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ има плата од 35.1 милиони долари. Безбол играчите на Лос Анџелес Доџерс и Детроит Тајгерс, Клејтон Кершоу и Џастин Верландер ја дополнуваат топ 10 листата со приходи од 30.7 и 28 милиони долари.

На 20-та позиција е ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант, кој само со 35 натпревари во оваа сезона си обезбеди 23.5 милиони долари.

sportisti plati 24

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП