27 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја прероди легендарната спортска машина (фото+видео)

BMW ја прероди легендарната спортска машина (фото+видео)

legent

„BMW“ го искористи годишниот конкурс за дизајн – „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“, за да го покаже нов концепт „BMW 3,0 CSL Hommage“. Со него дизајнерите на брендот оддаваат почит на легендарното „BMW 3,0 CSL“ што владееше на патеките во 70-тите години на минатиот век.

Во случајов кратенката „CSL“ значи „Coupé Sport Leichtbau“. Благодарение на употребата на алуминиум на предниот и задниот капак и крилата, како и стаклата од плексиглас, тежината на машината е со околу 200 килограми помала од таа на серискиот модел. За тоа помага и карбонскиот композит (CFRP), од кој е изграден голем дел од каросеријата.

legent1

Изгледот на концептот е потчинет целосно на динамиката која е нагласена од аеродинамичките елементи, големите делови на браници, издолжена предница и спојлер на кровот и во задниот дел. Предниот аеродинамичен елемент служи за вентилација на моторниот простор, додека крилата над предните тркала обезбедуваат оптимална смеса на возилото.

Каросеријата доби преден сплитер од карбон, лоциран под хромираната решетка на ладилникот, чија форма формира агресивна „насмевка“ со два реда слотови за воздух. Машината е опремена со „LED“ дневни светла со ласерски елементи, странични престилки од карбон, како и камери кои ги заменуваат ретровизорите.

legent2

Ентериерот на „BMW 3,0 CSL Hommage“ е опремен со две спортски седишта. Инструмент панелот е минимализиран, а воланот е сличен на оној што се користи кај авионите-ловци. Педалите се од алуминиум, а цевките за безбедност се од карбон, а во него има интегриран противпожарен систем. Елементите во кабината се од кожа, карбон, дрво и алуминиум.

legent3

Засега од BMW не ги откриваат техничките карактеристики на возилото, но прецизираат само дека тој е управуван од моќен 6-цилиндричен мотор со електричен компресор „eBoost“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП