28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБитката кај најевтините смартфони станува пожестока

Битката кај најевтините смартфони станува пожестока

blu studio 4

Конкуренцијата кај производителите на смартфони во најнискaта ценовна класа продолжува да станува се пожестока.

Релативно популарната компанија на американскиот пазар компанија, „Blu“ што раководи во најнискиот ценовен сегмент, го претстави својот најнов евтин смартфон – „Studio C“. Смартфонот ќе се нуди со можност за употреба, во која и да е мобилна мрежа за сума од само 99 долари.

Спецификациите на моделот вклучуваат 5-инчен дисплеј со HD-резолуција и 8 мегапикселна камера. Процесорот му е quad-со фреквенција 1.3 GHz, а оперативната меморија е од 1 GB. Една од најпрепознатлива карактеристики на смартфонот е неговата батерија која е со капацитет од 3.000 mAh. Во однос на внатрешната меморија, „Studio C“ ќе располага со 8 GB внатрешна меморија, која ќе може да се прошири со картичка до 64 GB. Покрај тоа, моделот обезбедува користењето на две „SIM“ картички.

blu studio 5

Една од подобрите карактеристики на овој смартфон за 99 долари е можноста да ужива во 4G мрежите. Тоа сепак може да не е особен проблем, со оглед на фактот дека моделот цели кон купувачите на прв смартфон. Моделот „Blu Studio C“ веќе може да се најде на „Amazon.com“, а според боите во опција се црна, бела, розова, зелена и портокалова.

Компанијата постојано паѓа во листите за најдобрите евтини смартфони. Во септември нејзиниот модел „BLU ​​Studio 5.0 HD“ беше во оваа категорија. Според карактеристиките на уредот, многу наликуваат на новопретставениот модел, но разликата е дека цената тогаш му беше 149 долари, или за 50% повисока од онаа на „Studio C“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП