26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInnos D6000 со батерија од 6000 mAh пристигнува во две верзии

Innos D6000 со батерија од 6000 mAh пристигнува во две верзии

innos333

Според пишувањето на интернет страницата „GizmoChina“, на кинескиот пазар во продажба се најдоа две верзии на паметниот телефон „Innos D6000“.

Станува збор за уреди на кинеската компанија „Innos“, која се истакнува по рекордниот вкупен капацитет на батеријата од дури 6000 mAh.

Тој е постигнат со вградување на две различни батерии, внатрешна која има капацитет од 2480 mAh, a над неа се наоѓа уште една батерија од 3520 mAh.

Благодарејќи на внатрешната батерија, надворешната може без проблем да ја замени без исклучување на уредот, а технологијата „DuoCharge“ овозможува паралелно полнење на двете батерии. Полнењето на батериите се одвива по пат на новиот „USB 3.1“ (Type-C) приклучок.

Како што претходно споменавме, на пазарот се наоѓаат две различни верзии на уреди, едната има просецор на „Qualcomm“ и се продава по цена од 290 долари, и другата која користи „MediaTek“ и се продава по цена од 161 долари. Споменатите верзии на „Innos D6000“ телефони, најверојатно ќе бидат достапни само на кинескиот пазар.

Поскапата верзија има 5.2-инчен екран со 1080p и „Gorilla Glass 3“ заштита, осумјадрен „Snapdragon 615“, „Adreno 405 GPU“, 3 GB RAM и 32 GB простор за чување податоци.

Задната камера поседува 16-мегапикселен „Omnivision“ сезнор, а предната камера е од 5 мегапиксели. Оперативниот систем на овој уред е „Android 5.0 Lollipop“, а постои поддршка за „4G LTE“ мрежите и употреба на две „SIM“ картички.

Другата верзија на телефонот има скоро идентични карактеристики, само разлика е фактот дека се користи неименуван процесор на „MediaTek“, a наместо 3 GB RAM достапен е од 2 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП