17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготви 125 милиони евра за Роналдо!

ПСЖ подготви 125 милиони евра за Роналдо!

roni psg

125 милиони евра имаат подготвено сопствениците од Катар на францускиот шампион ПСЖ за привлекување на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, пишува „Марка“.

Ако дојде до договор помеѓу двата клуба, тогаш тој би поставил уште еден трансфер рекорд. Според изданието желбата на самиот Роналдо е да остане во Мадрид, но Португалецот сака јасни гаранции за иднината на „Бернабеу“ од претседателот Флорентино Перез.

Роналдо е искушуван од идејата да ја надмине легендата Раул како голгетер №1 на „белите“ за сите времиња и дури тогаш да бара нови предизвици. Во Мадрид, исто така сметаат дека „CR7“ има пред себе барем уште неколку многу силни сезони и не планираат така лесно да го пуштат.

Интересот на парижаните постои барем две години, но до овој момент немале конкретна понуда.

ПСЖ не е единствениот клуб кој сака да го привлече Португалецот во своите редови. Од неговиот поранешен тим Манчестер Јунајтед се обложуваат на носталгијата на Роналдо во обидот да го вратат повторно на „Олд Трафорд“, каде играше до 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП