30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочна традиционалниот настан „Скопски улични музичари“ со рок свирки

Почна традиционалниот настан „Скопски улични музичари“ со рок свирки

skopski5565656

Во петок вечер, на плоштад „Македонија“ во 20 часот беше отворен настанот „Скопски улични музичари со рок свирки“.

Настанот го отвори добро познатиот музички состав „Марлон Брандо“, кој ја развесели атмосферата на минувачите.

Во сабота вечер, на истата локација настапува блузерскиот состав „Онија Блузерине“ со кои продолжува ова музичко освежување и забава под отворено небо за сите генерации.

Tрадиционалниот настан „Скопски улични музичари“ во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје, и оваа година продолжува со настап на рок бендови во летниот период.

Бендовите ќе настапуваат секој петок и сабота од 20 часот на плоштад „Македонија“ се до крајот на месец септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП