
„Fiat“ во рамките на автосалонот во Истанбул официјално го претстави новиот седан „Aegea“, кој ќе го замени моделот „Linea“ во палетата на брендот.


„Fiat“ во рамките на автосалонот во Истанбул официјално го претстави новиот седан „Aegea“, кој ќе го замени моделот „Linea“ во палетата на брендот.

Моделот е развиен во италијанското студио на „Fiat“ и ќе се произведува во фабриката на „Tofas“ во Турција. Создавањето на возилото траело 3 години, а во проектот беа вклучени околу 2.000 лица.

Димензиите на „Fiat Aegea“ се должина од 4.500 мм, ширина – 1780 мм, висина – 1480 мм и растојание помеѓу двете оски – 2640 мм. Така седанот е со 96 мм пократок, со 50 мм поширок и со 14 мм повисок од „Linea“. Разликата во растојанието помеѓу двете оски е 37 мм во корист на новиот модел. Во кабината можат да се сместат 5 лица, а обемот на багажникот е 510 литри.

Спектарот на мотори на „Aegea“ вклучува два дизели од семејството „Multijet II“ и два бензински мотори, чија моќност е 95 и 120 КС. Менувачот е во две верзии, механички и автоматски. Детални информации за агрегатите засега не се откриваaт, но од „Fiat“ прецизираа дека просечната потрошувачка кај дизелите е под 4 л/100 км.

Седанот може да биде опремен со мултимедијален систем „Uconnect“ со 5-инчен екран чувствителен на допир, „Bluetooth“, гласовно управување, „AUX“ и „USB“, а исто така и со навигација „TomTom“.
Продажбата на заменикот на „Linea“ ќе стартува во ноември, а моделот ќе се нуди во Европа, Африка и Блискиот Исток. Во подоцнежна фаза „Fiat“ ќе лансира уште две модификации на „Aegea“ – комби и хечбек.