Според пишувањето на „China Post“, кој ги пренесува предвидувањата на аналитичката компанија „KGI Securities“, компанијата „Foxconn Electronics“ (Hon Hai Precision Industry) ќе превземе помеѓу 60 и 70 проценти од нарачките за производство на „iPhone“ уредите од идната генерација.
„Foxconn“ ќе произведува поголем број на примероци на новиот „iPhone“, додека останатиот дел би требало да го превземе компанијата „Pegatron“.
Исто така се истакнува дека „Foxconn“ веќе однапред се има подготвено за производство на новите „Apple“ телефони, па тие може да бидат претставени во август, еден месец порано од очекуваното.
Идната генерација на уредите „iPhone“ ќе имаат 4,7, односно 5,5 инчни екрани, токму како и нивните претходници, „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“. Исто така телефоните би требало да пристигнат со имплементирана „Force Touch“ технологија.