26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвтина алтернатива на YotaPhone 2 пристигнува од Кина (видео)

Евтина алтернатива на YotaPhone 2 пристигнува од Кина (видео)

kineski yota99

Рускиот паметен телефон „YotaPhone 2“, кој се истакнува со тоа што има два екрана („AMOLED“ и „E-Ink“) и за кој веќе неколку пати пишувавме за него, познато е дека моментално во Европа се продава по цена од 599 долари.

Оваа цена за многумина е прилично висока, а со тоа ги „испровоцираа“ Кинезите, поточно кинеската компанија „Huateng“ која претстави евтина алтернатива наречена „Huateng Flag D1“.

Прототипот на овој уред на предната страна има 5 инчен „IPS“ екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, а од задната страна се наоѓа 4,7 инчен „E-Ink“ со резолуција од 960 x 540 пиксели.

huateng-flag-d1-680x489

Внатре во уредот се наоѓа процесорот „MediaTek MT6752“ со осум јадра и такт од 1,7 GHz, 2 GB RAM и 16 GB простор за чување на податоци.

На задната страна покрај „E-Ink“ екранот се наоѓа и 13-мегапикселна камера, додека на предната страна има камера со 5 мегапиксели. Овој уред го користи оперативниот систем „Android 5.0“, додека батеријата има капацитет од 2000 mAh.

Huateng Flag D1“ би требало наскоро да започне да се продава во Кина, најверојатно во текот на летото по цена од 300 долари. Не е познато дали и кога овој уред ќе се најде и на останатите пазари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП