АВТОБИЗ

Volkwagen го пушти на пазарот најекономичниот Passat

blu pasat

„Volkswagen“ веќе прифаќа нарачки за најекономичната верзија на новата генерација на „Passat“. Таа ќе го добие додаток „Bluemotion“ и ќе биде опремена со 1,6-литарски дизел мотор.

Од германскиот производител се категорични дека „Passat Bluemotion“ не е само најекономичната верзија на моделот, туку и најеколошката модификација на популарниот автомобил.

Таа се одликува со подобрена аеродинамика, вклучувајќи активна решетка на ладилникот.

blu pasat1

Главниот „виновник“ за економичноста на возилото е дизел моторот „TDI“ со зафатнина од 1,6 литри. Неговата моќ е 120 КС и 250 Nm вртежен момент, во комбинација со 6-брзински мануелен менувач постигнува просечна потрошувачка од 3,7 л/100 км, покажуваат информациите.

Верзијата „Volkswagen Passat Bluemotion“ на германскиот пазар ќе се појави со почетна цена од 29.435 евра.