ПочетнаАВТОБИЗРено се откажува од луксузниот модел

Рено се откажува од луксузниот модел

Renault-Initiale_Concept-1995

На почетокот на минатата година од Рено изјавија дека планираат да лансира нова луксузна подмарка. Дури беше најавено и нејзиното име – „Initial Paris“. Бидејќи оттогаш помина доста време, ќе ве потсетиме дека за партнер во овој проект се споменуваше „Mercedes-Benz“. Стануваше збор за седан верзија од платформата на „Mercedes-Benz E Class“.

Но сега според некои медиуми се шпекулира дека во Рено се откажале од овие планови и дека планираат да се фокусираат на подобрување на своите актуелни модели, како и ревитализација на спортскиот бренд „Alpine“.

“Се уште не сме пронашле нов бизнис модел”, беше коментарот на Карлос Таварес, главниот оперативен директор во Рено.

Според неговите зборови тие ќе продолжат да работат на проектот „Initial Paris“, но повеќе како вид специјален модел од тековната палета на Рено, кој најверојатно нема да биде во сериско производство. Но ако се покаже како успешен, би можеле да го спакуваат како посебна марка во сопствените модели, нешто како „DS“ кај „Citroen“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП