19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогат на светот, но живее скромно

Најбогат на светот, но живее скромно

gty_Carlos_Slim_Helu_forbes_thg_120307_wblog

Кај просечниот Мексиканец, неможе да помине ниту еден ден а да не купи еден од производите, или пак да користи една од услугите од 220-те компании кои ги поседува Карлос Слим.

Вниманието на светската јавност го привлекол уште пред пет години, кога се искачил на првото место на листата на Форбс, за најбогати луѓе на светот, завземајќи го местото на сопственикот на Мicrosoft, Бил Гејтс.

Според проценките на Форбс, мексиканскиот тајкун кој има 72 години, поседува неверојатни 69 милијарди долари.

Карлос Слим своето богатство го зарабоил во телекомуникациите, претседател е на мексичката компанија Telmex, но покрај другото, тој поседува и градежни фирми, стоковни куќи, компанија за финансиски услуги  Inburs Financial Group.

Тајната за успех на мистериозниот Мексиканец, кој е далеку помалку познат од Гејтс, како и од милјардерот Ворен Бафет, е во тоа што, секој просечен Мексиканец секојдневно купува од неговите производи или пак користи некоја од услугите кои ги нудат неговите 220 компании.

Поголемиот број на мексиканци се раѓаат во некоја од неговите болници Star Medica, од неговата компанија Condumex, добиваат електрична енергија, точат гориво на бензинските Svecomex, се возат по патот кој го изградила компанијата Cilsa, телефонираат со помош на компанијата Telemex, пушат цигари Slim и купуваат во ланецот супермаркети Sears Rubac.

Тој контролира повеќе од 200 компании, во областа на телекомуникациите, па се до инфраструктурата на банкарството и на недвижнините. Нормално, како би го задржал вниманието над своето царство кое се ширело, на чело на своите многубројни компании се поставени неговите синови и зетови.

Карлос Слим, уште како дете покажал голем талент за управување. Тој купувал сликички со безбол играчи и на своите врсници им ги продавал за повисока цена, со цел за постојана заработка. Од својата 12 година почнал да тргува со обврзници, а пред својата 30-та година, веќе поседувал компанија која произведувала пијалоци, како и брокерска фирма. Енормно богатство стекнал купувајќи компании, во кои денес се вработуваат 218.000 работници.

Карлос Слим веќе 40 години живее во истата куќа, сам си управува со својот мерцедес, нема јахта, но сопственик е на најголемата приватна колекција скулптури од  “Роден”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП