18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Русија во Г8 - незамисливо

Меркел: Русија во Г8 – незамисливо

merkel_warning

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека враќањето на Русија во Г8, односно во групата на најразвиени земји во моментот е „нeзамисливо“ поради ситуацијата со Украина.

Русија е исклучена од форматот на Г8 по припојувањето со Крим минатата година.

„Се додека Русија не го почитува меѓународното право и не постапува во согласност со тие принципи, повратот на форматот Г8 е незамислив“, изјави Меркел во Бундестагот, чија земја во јуни ќе биде домаќин на самитот на сегашната Г7.

По повод самитот на Европската унија и шестте републики на поранешната СССР кој започнува вечер во Рига, германската канцеларка истакна дека источното партнерство не е политички инструмент за проширување на Унијата.

„Источното партнерство не е насочено против никој, особено не против Русија“, изјави Меркел.

Сегашната група Г7, по излегувањето на Русија, е составена од големи економски светски сили, односно САД, Велика Британија, Германија, Канада, Франција, Италија и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП