20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo веќе продава повеќе смартфони отколку компјутери

Lenovo веќе продава повеќе смартфони отколку компјутери

Lenovo-PC-Plus-Store

Кинескиот производител на смартфони „Lenovo“ го регистрираше својот прв целосен квартал, во кој е сопственик на американската поделба „Motorola“.

Компанијата има продадено рекордни 18.7 милиони смартфони, заедно со продадените од „Motorola“, 7.8 милиони паметни телефони.

За споредба, во претходниот квартал „Lenovo“ има продадено околу 16 милиони смартфони, а за целата 2014-та година кинескиот производител на паметни телефони има продадено вкупно 76 милиони уреди, што е рекорд во нивната историја.

Рекорди се поставени и во други насоки во бизнисот на компанијата. Таа има продадено рекордни 60 милиони компјутери низ целиот свет. Така бројот на продадени паметни телефони за прв пат го надмина оној на компјутерите на најголемиот светски производител.

И покрај најимпресивните резултати, добивката на „Lenovo“ опадна за 37% во последниот квартал од минатата година. Приходите на компанијата се зголемија за 21% на годишно ниво до 11,3 милијарди долари, но нејзината нето добивка е само 100 милиони долари. За целата година приходите на „Lenovo“ изнесувале 46.3 милијарди долари, или раст од 20% на годишна основа.

Профитот сепак се намалува до едвај 829 милиони долари во однос на 5 милијарди долари во претходната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП