10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајлуксузниот кросовер во светот повеќе не се крие (фото)

Најлуксузниот кросовер во светот повеќе не се крие (фото)

bentayga

„Ловците“ на автомобилски вести уште еднаш успеа да го „фатат“ прототипот на првиот теренец на „Bentley“. На фотографиите беа објавени од изданието „Autoevolution“, возилото практично е бeз никаква камуфлажа.

Веќе е познато дека сериската верзија на најскапиот и луксузен кросовер на планетата ќе го носи името „Bentayga“. На многу начини моделот на „Bentley“ ќе личи на новото „Audi Q7“, што не е изненадување, бидејќи двете возила делат заедничка платформа – „MLB Evo“.

bentayga1

Неодамна британскиот производител покажа видео со внатрешноста на својот модел кој ќе се разликува по користењето на кожа од највисока класа. Некои од елементите ќе бидат направени од дрво, а други од метал. Во „Bentley“ се посветуваат на сензорско управување на различни системи и ќе понудат на своите клиенти огромен број на дополнителни опции.

Во палетата мотори ќе бидат вклучени 4,0-литарски V8 и 6,0-литарски W12, а врвната верзија ќе се потпира на моќност од околу 660 КС. Тој ќе може да развива брзина од 322 км/ч. Ќе има и хибридна модификација.

bentayga2

Производството на „Bentley Bentayga“ ќе започне следната година, како во компанијата веќе добиле над 2.500 нарачки за возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП