20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички ја одбрани Куп титулата

Работнички ја одбрани Куп титулата

kup-na-makedonaija

Фудбалерите на Работнички ја одбранија титулата во Купот на Македонија. ‘Романтичарите’ ја освоија четвртата титула во Купот, во клупската историја, откако во финалето славеа над Тетекс со 2:1 (0:1).

Првото полувреме во кое Работнички ја контролираше играта заврши со водство на Тетекс, Чурлинов во 45.минута од 16 метри го погоди голот на противникот.

Освојувачот на купот беше решен во второто полувреме и тоа во интервал од само четири минути, најпрвин Илијоски израмни во 69.минута, две минути подоцна Филип Најдовски поради вториот жолт картон ја напушти играта, а во 73.минута Алтипармаковски го постигна вториот гол за Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП