9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRay-Ban им подели акции вредни 9.000.000 евра на вработените

Ray-Ban им подели акции вредни 9.000.000 евра на вработените

ray ban factt

Основачот на италијанскиот бренд за очила за сонце „Luxottica“ слави 80 години постоење, и по тој повод на 8.000 вработени во Италија им подели акции вредни околу 9.000.000 евра.

Леонардо дел Векио, вториот најбогат човек во Италија, благодарение на очилата кои ги произведува, некои дизајнирани и од „Chanel“ и „Giorgio Armani“, ги наградува своите вработени со 140.000 акции на „Luxottica Group“, соопшти фирмата во вторникот, јавува италијанското издание на мрежата „The Local“.

„Искрено благодарам на сите вработени во Италија, тие се срцето на успехот на „Luxottica““, се вели во изјавата на Дел Векио. „Со овој мал гест сакам да им покажам колку вработените ми значат. Навистина ги чувствувам како да ми се семејство“.

Luxottica“, сопственик и на брендовите „Ray-Ban“ и „Oakley“, прикажа рекорден профит за 2014-та година, а 2015-та ја почна во стил, прикажувајќи раст во првиот квартал од годината од речиси 34 отсто, благодарние на порастот на продажбата во Севрна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП