29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе може да увезува храна од Унгарија, Грција и Кипар

Русија ќе може да увезува храна од Унгарија, Грција и Кипар

hrana 00300

Русија може да го укине ембаргото за увоз на прехранбени производи, произведени од речиси 20 компании од Унгарија, Грција и Кипар, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение на „Интерфакс“.

За потсетување, минатата година Русија доби забрана за увоз на прехранбени производи од 28-те земји од ЕУ како одговор на западните санкции наметнати на Москва, поради нејзината улога во украинската криза. Така голем број производители на храна останаа без пристап до големиот руски пазар.

Сергеј Данкверт, шефот на Руската санитарна служба (Росселхознадзор), соопшти дека забраната може да биде укината за 15 унгарски и неколку грчки и кипарски производители.

Унгарија, Кипар и Грција се вклучија во санкциите на ЕУ против Русија, но во исто време се обидуваат да одржуваат добри економски и политички односи со Москва.

Земјите упатија и критики против анексијата на Крим и поддршката на Кремљ за проруските бунтовници во источна Украина.

Потсетуваме дека на крајот на март стана јасно дека Русија подготвува проверки кај прозводителите на прехранбени производи во трите наведени држави. На овој начин тие ќе бидат подготвени веднаш по укинувањето на ембаргото да можат да ги продадат своите производи на рускиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП