18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi претстави велосипед со цена на нов автомобил

Audi претстави велосипед со цена на нов автомобил

a sport

Производителот на луксузни автомобили „Audi AG“ го претстави својот најнов модел велосипед.

Ултралесниот луксузен велосипед е со цена на возило од пониска класа. Рамката на ограничената серија „Audi Sport Racing Bike“, кој беше прикажан за прв пат во Јапонија, Токио, е направена од лесни јаглеродни влакна, а цената му е околу 19.650 долари.

Сумата е доволно голема за купување на нов автомобил во Јапонија, иако не и „Audi“.

a sport1

Според германскиот автопроизводител, рамката на спортскиот велосипед тежи 790 грама, или помалку од пет телефон „iPhone 6 Plus“. Рамот се прави од специјален материјал наречен „T1000“, кој е создаден од јапонската „Toray Industries Inc“. Истиот материјал се користи и во тркачките автомобили на „Audi“.

Според портпаролот на „Audi“, целиот велосипед тежи 5,8 кг. Според него, материјалите употребени за изработка на велосипедот, кои се многу лесни, но исклучително „здрави“, се причината за неговата висока цена.

Првиот велосипед беше прикажан на автомобилскиот саем во Женева во март. Само 50 вакви велосипеди се произведени, а барем еден наскоро ќе биде пуштен за продажба во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП