27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG претстави две нови верзии на моделот G4 (фото+видео)

LG претстави две нови верзии на моделот G4 (фото+видео)

novi lg 00

Мина помалку од еден месец, откако јужнокорејскиот производител на паметни телефони „LG“ го претстави моделот од највисока класа „G4“, од компанијата веќе подготвија два нови модели.

Вчера беа презентирани новите модели „G4 Stylus“ и „G4c“ кои во голема мера нудат карактеристики, превземени од премиум моделот.

novi lg 01

Смартфонот „G4 Stylus“ е со 5.7-инчен дисплеј, малку поголем во димензии од моделот „G4“. Додека пак „G4c“ е со малку помал дисплеј од 5 инчи со резолуција од 1.280 х 720 пиксели.

Двата модели се со 13-мегапикселна и 8 мегапикселна камера, како и 5-мегапикселна предна камера. Тие располагаат со 1 GB RAM меморија, како и 8 GB внатрешна меморија. И двата смартфони се со најновата верзија на „Android“ – „5.0 Lollipop“, и процесори со четири јадра и со такт од 1.2-гигахерци.

novi lg 02

„Моделите „G4 Stylus“ и „G4c“ се идеални примери за тоа што разбираме ние под тоа да се нудат смартфони со премиум карактеристики, но не и премиум цена. Ние ја продолжуваме својата стратегија да нудиме уреди на „LG“ со добри карактеристики и добра визија“, коментира Џуно Чо, извршен директор на „LG Electronics Mobile Communications“.

„LG“ предвидува да продаде 8 милиони смартфони од серијата „G4“ во оваа година и 12 милиони во текот на животниот циклус на моделот. Двата нови модели на „LG“ се очекува да се појават на светските пазари во наредните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП