19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei работи на свој оперативен систем?

Huawei работи на свој оперативен систем?

krin 300

Иако во моментов „Huawei“ се смета за најсериозниот кандидат за производител на следниот смартфон „Nexus“, најверојатно кинескиот производител на мобилни уреди работи и надвор од т.н. „Google Experience“ на свој оперативен систем.

Според различни шпекулации, цели три години кинеската компанија работи над својот оперативен систем со веројатното име „Kirin OS“. Корпоративниот оперативен систем ќе ги додаде и уникатните процесори „Kirin“ создадени од Кинезите. Со ова компанијата планира да ја зајакне својата позиција на западните пазари и да си обезбеди поголема независност од „Google“, пишува „Softpedia“.

Засега информациите за „Kirin OS“ се ретки, но не е јасно дали тој ќе биде базиран на „Android“, што може да значи и дека интерфејсот „Emotion UI“ ќе е само преименуван, или станува збор за сосема нов систем. Во првиот случај промената на позиционирањето ќе биде модерен чекор – речиси сите кинески производители ги нарекуваат своите корпоративни интерфејси како оперативен систем.

„Emotion UI“ се разликува многу од „Android“ и потсетува повеќе на „iOS“ на „Apple“, но може да послужи и како основа за новиот „Kirin OS“. Според некои информации, меѓутоа „Kirin OS“ е нешто ново и независно. Неговиот развој трае речиси цели три години, а самиот систем ќе биде оптимизиран за „Kirin“ процесорите на компанијата.

Не е јасно, меѓутоа како „Huawei“ има намера да го реши основниот проблем што се појавува пред секој нов мобилен оперативен систем – недостатокот на доволен број на апликации. Развивање на сопствен оперативен систем не е лесен потфат, а во тоа се убеди и јужнокорејскиот концерн „Samsung“, кој не успеа да постигне значаен успех ниту со „Bada Osм“, ниту со „Tizen“.

До кој степен „Huawei“ се учи од грешките на конкуренцијата, ќе стане јасно допрва, но веројатно компанијата ќе го избере патот на Android-емулација на почетокот и истовремено со тоа ќе ги стимулира програмерите да креираат програми за „Kirin OS“.

Во Кина „Huawei“ веќе не плаќа на „Google“ никакви такси, пишува „Softpedia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП