23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 60 отсто од Македонците имаат пристап до широкопојасен интернет

Околу 60 отсто од Македонците имаат пристап до широкопојасен интернет

ivce 03

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, се обрати денеска на воведната сесија на Меѓународната регулаторна конференција што се одржува во Охрид во следните два дена, во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Ивановски се осврна на важноста на информациско-комуникацискиот технолошки развој, кој е директно зависен од распространетоста на широкопојасниот интернет.

„Според Светска банка, за секои 10 отсто раст на пенетрација на широкопојасниот интернет, соодветствува од 1 до 1,5 отсто економски раст на бруто-домашниот производ во државата, додека според Европската банка за реконструкција и развој, зголемувањето на брзината на бродбендот за двапати обезбедува раст од 0,3 отсто на БДП во државата”, рече Ивановски.

Министерот вели дека Македонија активно учествува во работата на Броадбенд комисијата формирана од Обединетите нации и веќе ги има исполнето целите зададени за периодот до 2015-та година. Меѓу нив е достапноста на широкопојасен интернет кај 40 отсто од домаќинствата и негова употреба од страна на 50 отсто од граѓаните.

„Според последниот извештај од државниот завод за статистика, оваа цел е реализирана високо над очекуваната бројка: околу 60 отсто од домаќинствата во Македонија имаат пристап до широкопојасен интернет, а воедно 60 отсто од граѓаните го користеле “, рече Ивановски.

Тој додаде дека Владата продолжува да ја имплементира Програмата за развој на информатичкото општество, следејќи ги новите трендови. Утврдени се неколку цели за реализација, меѓу кои 80 отсто покриеност на населението со широкопојасен интернет, зголемување на бројот на домаќинства кои користат интернет, онлајн продажбата на производи од страна на мали и средни претпријатија да достигне бројка од 33 отсто, намалување на цените на роаминг услугите, како и зголемување на бројот на електронски јавни услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП