2 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo го тестира својот прв кросовер

Alfa Romeo го тестира својот прв кросовер

ar suv

„Alfa Romeo“ стартуваше со тест-возења на својот прв кросовер. Продажбата на моделот, кој најверојатно ќе се вика „Giulietta Cross“, ќе стартуваат идната година, соопштува „Worldcarfans“.

На фотографиите обезбедени од изданието, се гледа возило со изгледот на „Fiat 500L“, на што инженерите ги тестираат агрегатите на идниот „SUV“. Автомобилот ќе биде изграден на платформата „Giorgio“ која ќе се користи и при креирањето на новиот седан „Alfa Romeo Giulia“.

Во палетата мотори на кросоверот ќе биде вклучен нов турбо „V6“ чија најмоќна опција ќе располага со 350 КС. Моделот ќе добие и моќни бензински агрегати, развиени од „Ferrari“, а врвната верзија ќе се потпира на 500 КС. Клиентите на кросоверот ќе можат да избираат меѓу модификации со заден пренос или со систем 4х4.

Во „Alfa Romeo“ ќе пуштат и уште еден, поголем теренец според димензиите. Компанијата има амбиции да го прошири сопствениот спектар, а за 5 години ќе предложи 8 нови модели. Ова станува возможно благодарение на огромните инвестиции од страна на Алијансата „Fiat-Chrysler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП