28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ внимателно ги следи движењата во економијата

НБРМ внимателно ги следи движењата во економијата

narodna banka mk2

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов денеска истакна дека централната банка ќе реагира доколку политичката криза влијае врз економијата.

НБРМ внимателно ги следи сите движења во економијата во последните неколку месеци по настанувањето на политичката состојба во земјава и реакцијата и мерките што ќе ги преземе ќе бидат во согласност со остварувањето на основите цели на НБРМ – задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

Оваа изјва гувернерот Богов ја даде за време на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на кој се разгледуваше Извештајот за работењето на Банката во минатата година, прашан за влијанието на политичката криза врз македонската економија.

„Во нашето основно макроекономско сценарио ја задржавме проекцијата за раст годинава од 4,1 проценти и 4,5 проценти наредната година. Но, сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст“, рече Богов.

Тој исакна дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегање на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните.

Според Богов, тоа ќе бидат неопходни мерки и централната банка ќе го направи она што мора за да ги оствари своите основни цели.

„Ценовната стабилност ќе биде задржана, курсот на денарот во однос на еврото ќе биде задржан и ние ќе направиме се што е во наша моќ за да биде задржана стабилноста на банкарскиот сектор, но цената ќе ја платиме сите со тоа што ќе плаќаме поголеми камати и ќе имаме помал раст во економијата“, рече Богов.

Тој потенцира дека централната банка ќе има сознание дали политичката криза ќе има влијание во економијата во јуни или јули кога ќе ги добие податоците за движењата во економијата од април и мај.

Народната банка ги гледа макроекономските податоци кои доаѓаат со одредено задоцнувње. Кога ќе ги добие податоците за април и мај тогаш ќе има сознанија дали веќе се одразиле овие негативни политички случувања врз економијата, вели Богов.

Според него, негативното влијание би се почувствувало во одложување на инвестиците и на домашните и на странските компании, што ќе оневозможи нови работни места и раст на платите. Потрошувачите ќе се воздржуваат од купување добра кои не им се најнеопходни, така што производителите ќе го намалат производството што ќе влијае на можноста за враќање на кредитите кај банките кои пак ќе станат рестриктивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП