20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го „мерка“ BlackBerry!?

Apple го „мерка“ BlackBerry!?

bb ap 22

Според непотврдени информации кои ги пренесува „Yahoo Finance“, „Apple“ најверојатно ја разгледува можноста за превземање на канадскиот производител на мобилни телефони, „BlackBerry“.

Наводно „Apple“ сака да го превземе „BlackBerry“ пред целосен колапс на компанија, па со тоа да си осигура поголем удел на корпоративниот пазар. За „Apple“ сигурно е интересно и портфолиото на „BlackBerry“ во кое има 44.000 патенти, поради кои компанијата е водечка во областа за решенија за бизнис корисници и безбедност на мобилните уреди.

Превземањето на „BlackBerry“ од страна на „Apple“ би го олеснило и натпреварувањето во договорите со јавниот сектор, а постојат и предвидувања дека и американската влада го поддржува „Apple“ во превземањето на „BlackBerry“ со оглед дека тие се едни од најголемите корисници на „BlackBerry“ уреди.

Како и обично, во случај на вакви гласини, нема никакви официјални коментари од „BlackBerry“ и „Apple“. Исто така, никакви финансиски детали повразани со ова можно превземање не се објавени.

Веќе некое време се шпекулира за потенцијалните купувачи на „BlackBerry“, а во претходните месеци се појави и информација дека „Samsung“ би можел да ја купи компанијата, по што вредноста на акциите на „BlackBerry“ пораснаа за 30%. Меѓу потенцијалните купувачи на „BlackBerry“ претходно се споменуваа и компании како „Intel“, „Googlе“ и „Lenovо“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП