Интернет страницата „DigiTimes“ ја пренесе изјавата на извршниот директор на „Xiaomi“, Леи Џун, дека неговата компанија во текот на првиот квартал од 2015-та година има испорачано вкупно 14,98 милиони паметни телефони.

За споредба, во текот на првиот квартал од 2014-та, „Xiaomi“ имаше испорачано 11 милиони смартфони, а во текот на цела 2014-та вкупно 61,12 милиони од споменатите уреди.
На матичниот, кинескиот, пазар „Xiaomi“ според неодамнешниот извештај на „IDC“ за првиот квартал од 2015-та година, испорачани се 13,5 милиони паметни телефони, а со тоа оствариле пазарен удел од 13,7% и второ место на пазарот веднаш зад „Apple“, кој за истиот период има има испорачано 14,5 милиони „iPhone“ телефони со остварен пазарен удел од 14,7%.
„Apple“ и „Xiaomi“ во текот на првиот квартал од 2015-та година забележале раст во испораката на уреди од 62,1, односно 42,3% на годишна основа.