27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор меѓу Кина и Индија „тежок“ 22 милијарди долари

Договор меѓу Кина и Индија „тежок“ 22 милијарди долари

modi-i-keciang-weibo

Индија и Кина потпишаа договор за трговска и економска размена вреден 22 милијарди долари за време на посетата на индискиот премиер Нaрендрa Моди.

Овој договор ќе опфати повеќе индустрии, вклучувајќи ги обновливата енергија, финансискиот сектор и пристаништата. Во петокот беа потпишани и неколку договори во областа на образованието, железницата и научното истражување, со вкупна вредност од 10 милијарди долари.

Моди и кинескиот премиер Ли Кечианг се договориле да бараат „праведно, разумно решени“ околу конфликтот за заедничките граници, кој беше прифатен од двете страни, пренесува „BBC“.

Кина не ја признава границата која е воспоставена со пограничниот договор од 1914-та година, која британските колонијални власти ја потпишаа со Тибет.

Двете држави имаат претензии на повеќе територии на други земји, вклучувајќи го делот на индиската држава Аранчал Прадеш, која во Кина ја нарекуваат Јужен Тибет. Кинескиот премиер изјави дека двете земји имаат „доволно политичка мудрост да ги надминат и контролираат“ разликите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП